Февруари 20, 2019

„Нула за насилство“ во ски-центарот Нижеполе (фото)

Февруари 11, 2019

Промотивно - едукативен и забавен настан „Нула за насилство“ вчера се одржа во ски центарот „Стрежево“ во Нижеполе.
На настанот се презентираше новата страна www.nulanasilstvo.com на тимот „Нула“ со сите нејзини досегашни активности, беше поделен рекламен материјал (брошура) на кој беа наведени целите и идејата на проектот. Исто така на присутните со секој топол напиток им беше поделен стикер со порака против насилството.


Забавниот дел го водеше групата „Шербет“ од Тетово, која се претстави со македонски евергрини. Исто така присутните имаа можност да споделуваат лични искуства, идеи и предлози со членовите од тимот.
А за најмалите беше поставено пано, на кое имаа можност да ја нацртаат со маркер својата рака и во неа да го напишат своето име. Идејата на ова пано е визуелно да се прикаже спречувањето на насилството и да се шири љубов, а не омраза помеѓу луѓето.
-Упатуваме голема благодарност до Јавното претпријатие „Стрежево“ за отстапување на нивниот простор и кооперативноста на вработените во објектот, велат од тимот „Нула“.

str 1

str3

str4

str 5

st2

st

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани