Street gif

Нашите функции и кариери се помали од нашиот интегритет, Кирацовски со благодарност до Заев- Карапец нов претседавач на ЦО на СДСМ

Мај 27, 2019

Соња Карапец е новиот претседавач на Централниот одбор на  СДСМ. Таа во моментот е директор на Студентскиот дом „Кочо Рацин” во Битола. Се работи  за функција која е исклучително значајна за функционирањето на СДСМ. Таа во партиските структури на Битола еден мандат беше секретар на партијата и втора на листата за советници на последните локални избори на СДСМ со коалицијата. Карапец според познавачите на приликите е своевидна замена за влијанието на Битола во високите партиски структури на СДСМ, откако вчера од генерален секретар беше променет Александар Кирацовски.

Кирацовски денеска на фејсбук со пост изрази благодарност до Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик-претседателката Радмила Шеќеринска, пишувајќи дека независно кој на која позиција и во која улога ќе биде, продолжуваме заедно кон мисијата да обезбедиме подобар живот за сите граѓани!

-Му благодарам на претседателот Заев, за укажаната доверба која сите заедно ја оправдавме. Во специфични услови, на огромни, наталожени очекувања, успеавме да испорачаме сериозни општествени и партиски резултати крунисани со победа на претседателските избори. Им благодарам на сите соработници, со кои соработката продолжува, за преданоста и доследноста, им благодарам и честитам за придонесот на досегашните потпретседатели на СДСМ, членовите на ИО и Организациониот секретар, на заменик-претседателката Шеќеринска за другарството и поддршката, напиша Кирацовски.

За синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ тој пишува дека „се за заедничко добро и само во партија каде што има висока свест, демократска култура, другарство, визија, заемна доверба, во еден ден едногласно можат да се донесат крупни одлуки на кадровски промени.

-Како поединци, не сме воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството. Нашите функции и кариери, се помали од нашиот интегритет и подготвеноста да се ставиме во функција на повисоките, заеднички цели, пишува Кирацовски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани