2win800x200

ВО ПЕЛАГОНИЈА ЛАНИ ИМАШЕ 952 УМРЕНИ ПОВЕЌЕ ОД РОДЕНИ

Јуни 28, 2019

За 952 лица имало повеќе умрени од родени лани Пелагонискиот Регион, покажуваат податоците МАКСтат базата на Државниот завод за статистика. Така, во 2018 година имало 1962 живородени бебиња, а мртовци 2914.

За десет години во Пелагонискиот Регион бројот на бебиња е намален за 474. Ако во 2018 година имало 1962 живородени бебиња, пред една деценија бројот изнесувал 2436. Во изминатата декада најмногу родени бебиња биле регистрирани во 2009 година дури 2627. Опаѓањето на наталитетот е континуиран процес низ годините зашто од една година во друга бројот на живородени опаѓа за околу стотина или нешто помалку.

 

Сепак, и покрај ваквиот надолен тренд, Пелагонискиот регион е трет во земјава по број на живородени после Скопскиот со 8020, па Полошкио со 3202 бебиња во 2018 година. Во Македонија истата година биле родени 21 333 бебиња што девет проценти од вкупниот број на живоредени во земјава биле од Пелагонија.

Во општина Битола која е дел од Пелагонискиот Регион, според Државниот завод за статистика, лани имало 773 живородени, а пред десет години 920 или за 147 помалку за една деценија.

За разлика од тоа што во Пелагонија се намалува бројот на новородени, бројот на умрени низ годините останува во просек околу 2900 лица годишно. Пораст имало во 2017 година кога биле регистрирани 3062 умрени. Инаку, околу 40 проценти од умрените во Пелагониско отпаѓаат на Битолскиот Регион или во 2018 имало 1138 умрени.

Ако во последниве години во Пелагонија има над 900 умрени повеќе од родени, во 2005 бројот на живородени во однос на починати бил скоро двојно помал и изнесувал минус 500.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани