2win800x200

За време на Крушевската Република биле реконструирани повеќе улици од денес-паралела на советничката Габриела Илиевска

Октомври 29, 2019

Паралела помеѓу еден од најзначајните настани во македонската историја, Крушевската Република и актуелните сосотојби во Битола, повлече советничката од Поинаку, Габриела Илиевска, на денешната седница на Советот, каде на дневен ред беше ребалансот на Буџетот на Општината. Илиевска констатираше дека за време на 10-те дена Крушевска Република биле реконструирани повеќе улици отколку денес за време на владеењето на СДСМ.

-Вчера слушам дека ние во Битола ќе сме ја реконструирале улицата „Крушевска Република“. Искрено да ви кажам, Крушевската Република траеше 10 дена и таму за тие 10 дена појќе улици реконструираја отколку вие од ко сте дојдени на власт во Битола. Појќе. Ние во овие две години можиме да се пофалиме само со улицата „Климент Охридски“ која двапати ја плативте и која служеше за потсмев на цела Македонија, рече советничката Габриела Илиевска.

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани