Webp.net gifmaker

Овозможуваме подобри здравствени услуги- прес на Жаклина Наумовска

Ноември 05, 2019

Советничката од СДСМ Жаклина Наумовска и секретар на Општинската организација на партијата во Битола на денешната прес конференција се осврна на подобрените услови за дијагностицирање и лекување на пацинетите со карцином во Битола.

„Во Клиничката болница во Битола беше пуштен во употреба новиот дигитален мамограф, обезбеден преку проектот од ИПА програмата за меѓугранична соработка Грција-Северна Македонија (2014-2020). Новиот дигитален мамограф е достапен за бесплатни, превентивни мамографски прегледи за сите жени во Битолскиот Регион, вклучувајќи ги и пациентките од тешко пристапните подрачја“, рече Наумовска.

 

Таа додаде дека набавена е иновативна, биолошка терапија која претставува нов пристап во третманот на онколошките заболувања, а што е уште една значајна придобивка за пациентите заболени од рак, вклучително и пациентките заболени од рак на дојка. Сите жени на коишто им е потребна терапија после операција или без операција на рак на дојка, отсега се покриени со целата терапија којашто им е потребна.

„Во овој регион ќе се спроведе и скрининг на 200 пациентки во вид на мамографски прегледи и гинеколошки ПАП тестови. Со организиран превоз ќе се носат пациентките од Новаци, Претор, Грнчари и Меџитлија во болницата за овие прегледи. Овозможуваме подобри здравствени услуги“, додаде Наумовска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани