Webp.net gifmaker

Од Анча Ристевска до Светлана Петковска, Битола 75 години - феникс на женскиот активизам

Ноември 11, 2019

На 17 октомври во далечната 1944 година група хумани жени, полни со ентузијазам и верба дека ќе го променат светот на подобро, го формираа битолскиот одбор на Антифашистичкиот сојуз на жените на Македонија. На чело на групата беше Анча Ристевска, голем активист за човекови права, а и се придружиле Вангелика Поповска од Бистрица, Даница Хаџипопова и Константина Пулевска од Битола.

анча

(Анча Ристевска, првиот активист на АФЖ -Битола, почина на 93 години во 2016-та, ова е инсерт од филмот на Организација на жени) 

Поминаа 75 години од основањето на битолското АФЖ, а Организацијата на жени вечерва на достоен начин го одбележа јубилејот. Салата во Центарот за култура беше преполна од жени членки и поддржувачи на женскиот активизам. Беше промовирана и монографија со бројните активности на Организацијата.

„Овој град и жените во овој град не признаваа ваши и наши територии и не знаеја што се тоа ваши и наши деца. Во овој град во кој женскиот активизам зборувал на сите јазици, сѐ уште дише со него, од Мајка Шумљанска преку англиските докторки, од Анча до Билјана Опашинова, до Светлана Петковска, овој град е феникс на хумани идеи и педизвици и тој дише со љубовта и хуманоста на овие жени“, рече Силвана Петрова Насух која како водител со своите нарации ја збогати манифестацијата.силвана

Организацијата денес брои многу членови кои им помагаат на стари изнемоштени лица, болни луѓе, деца, самохрани мајки, организираат донации, прават истражувања за состојбите со жените и женски права, преку трибини, конференции, прокети придонесуваат за нивно јакнење.

„Секој ден ни се рага по некоја нова идеја во главата. Организацијата на жени ми е животна опсесија иако 26 години работев како проектен менаџер во Електростопанство. Работа, сигурна плата, струја на ледина треба да им однесиш, но кога некои од медиумите ќе напишат хуманитарката Светлана Петковска, јас сум погорда на тоа отколку на струјата што сум поставила низ Битола“, рече Светлана Петковска, претседател на Организацијата на жени од Битола.светлана 3

Членките на организацијата, Монографијата почнале да ја пишуваат пред осум години, но се испечати сега со поддршка од Општина Битола.

“Бројот 75 се состои од седум и пет, нивниот збир е 12 , а еден плус два е три. Бројот три е многу значаен број зашто е поврзан со три многу важни работи, а тоа се вера, љубов и надеж. Нека ни е честита 75 годишнината од женскиот активизам и да се избориме за онаков родов баланс во кој што нема да прашуваат: ‘Извинете како треба да Ви се обратиме градоначалничке или градоначалник, туку ќе се подразбира дека ако на оваа функција е жена треба да и се обратат како на градоначалничка“, рече Наташа Петровска.наташа 3

На одбележувањето беше присутен и невропсихијаторот Методи Чепреганов кој изјави: „Неуронауката вели дека поради богатството на хормони, жената е во апсолутна предност над машкиот пол, во секоја смисла, во мисловна, во емоционалната интелигенција и во способноста“.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани