Webp.net gifmaker

Ќурчиевски одговори на обвинувањата на Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ

Ноември 15, 2019

Првиот човек на РЕК-Битола Златко Ќурчиевски ги оквалификува како конфузни и манипулативни  обвинувањата  за РЕК Битола од  членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска.

Ќурчиевски јавно и отворено одговори на обвинувањата иако како што рече бил во недоумица дали се работи за шега или сериозна изјава.  

 

-Искрено јас лично не знаев дали се работи за шега или за сериозна изјава. Во последно време кога од ВМРО-ДПМНЕ зборуваат  нешто за енергетиката посебно за РЕК Битола се конфузни и манипулативни и еве зошто тие кажуваат дека ние сме оствариле во 2018 година 2 700 гигават часа електрична енергија од вкупно планирани 4600 гигават- часа. Ноторна лага и лажна вест. Ние имавме остварено 2700 гигават-часа од планирани 3006 гигават –часа.

Значи зборуваме за остварувањето на РЕК-Битола. Додека АД ЕСМ од планираните 4072 гигават-часа минатата година оствари 4139 гигават-часа, што на ниво на компанија е надминување на планираното производство од 2 проценти. Од каде ги извадија тие податоци навистина не ми е јасно, рече Ќурчиевски.

Тој се осврна и на делот од обвинувањата за електростатските филтри.

-Ги споменуваат проектите од типот на електростатските филтри и топлификацијата. Кога некој ќе каже дека нивната власт во 2007 година  имала изработено проект за електростатските филтри и нас не обвинува дека ни пропаднала тендерската постапка,  и притоа не дава никакво  објаснување зошто до средината на 2017 година кога беа на власт апсолутно ништо не направија е класично лицемерие. Ние веќе ја подготвуваме новата тендерска постапка, ќе го запазиме планот за реконструкција 2020- 2021 и  2022 сукцесивно на сите три електростатски блока, рече првиот човек на РЕК-Битола.

Со она што претходната власт го направи со топлификацијата ситуација  е уште по алармантна, рече Ќурчиевски.

-Имале префизибилити студија уште во 2011 година , што првпат слушам за таква студија,  па им требало уште 5 години да направат физибилити студија во 2016 и при тоа ништо да не направат на полето на топлификација на Битола. И повторно ние се повикуваме овие две години додека сме на централна власт да го реализираме проектот за топлификација во овој период. Се работи за класични манипулации и лажни вести, заклучи Ќурчиевски.  

А.Б

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани