Webp.net gifmaker

Министерот Милевски уверува-Никаква депонија министерот за локална самоуправа, ниту Владата нема да носат во Битола

Ноември 17, 2019

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски уверува дека нема да се гради депонија за  Југозападниот регион во Битола. Тој потврдува дека за ова прашање кое денеска внесе вознемиреност меѓу битолчани разговарал и добил потврда  од премиерот Зоран Заев.

-Морам да одговорам на шпекулацијата која се јави денес во битолската јавност, со цел вознемирување на граѓаните.

Разговарав со премиерот Заев и можам да ве уверам дека никаква регионална депонија од Југозападниот регион, Владата нема да гради во Битола.

Депонијата од Југозападниот регион мора да биде на територијата на тој регион.

Никаква депонија министерот за локална самоуправа, ниту Владата нема да носат во Битола и битолчани можат да бидат спокојни по тоа прашање, напиша Милевски на својот фејсбук профил.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани