Webp.net gifmaker

Кузманоски-Оваа година целосна рехабилитација на патниот правец Кременица-Бач

Јануари 13, 2020

 Во 2020 година Општина Новаци има планови за рехабилитација на уште неколку локални и регионални патни правци во битолскиот дел на Мариово.

-Со позабрзано темпо и нова енергија продолжуваме и во оваа година  инфраструктурно да ја градиме  и со патна мрежа да ја поврзуваме општина Новаци. Само од Буџетот на Општина Новаци  оваа година планирано е да се издвојат 11 милиони денари  за асфалтирање на нови локални улици во повеќе населени места. Во програмата и Буџетот на ЈП за државни патишта  планирани се средства за целосна рехабилитација на патниот правец Кременица-Бач, најави градоначалникот Љубе Кузманоски.

Со Одлука на Влада на РСМ од проектот –Поврзување на локални патишта  за општина Новаци предвидени  се околу 680.000 евра. Овие средства општина Новаци во нареден период ќе ги искористи  во изградба и реконструкција на локални патишта.Средствата се обезбедени  по договор за заем од Меѓународна банка за обнова и развој –Светска банка   преку Министерство за транспорт и врски.

Со овие средства се планира асфалтирање на три делници и тоа:

-Делница од раскрсница пред с.Старавина спрема с.Будимерци во должина од 2 км,

-Делница  од с.Будимерци спрема манастир „Св.Димитрија“  во должина од 6-7 км,

-Делница помеѓу с.Гнеотино и с.Брод во должина од околу 2 км.

За сите три делници изготвена е проектна документација  и поднесена до Министерството за транспорт и врски.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани