Webp.net gifmaker

Лицемерно е, почитувани Македонци од опозицијата (пишува Димитар Пипилевски)

Февруари 09, 2020

Честопати на нашата политичка сцена може да се чуе зборот лицемерие. Најчесто оправдано, но честопати и лицемерно употребуван без никаква основа. Можеби се работи само за обично семантичко и лексичко неразбирање на зборот. Но ајде да помогнеме некако.

Почитувани сограѓани, Македонци од опозицијата. Да, Македонци, бидејќи по долги години веќе сме и така признаени во светски рамки. Лицемерно е да се зборува за некаква си заштита на националното чувство и јазикот, а да се лустрира авторот на првиот македонски роман. Лицемерно е да се зборува за заштита на јазикот, а да се стави во мирување Катедрата по македонски јазик (ч. Панче Кралев). Лицемерно е, почитувани Македонци од опозицијата, да се пуштаат во употреба нелекторирани или слабо лекторирани учебници. Лицемерно е Институтот за македонски јазик за време на вашето владеење седум години да не добие никакви средства. Лицемерно е да се зборува за законот за јазици, а истото да се направи во 2008 година. Лицемерно е, во голема мера,  тајно да се договара амнестија на Хашките случаи.

Но разбирам, се ближат избори и мора нешто да се каже во недостаток на идеи.

И без гајле, за горенаведеното македонскиот народ ќе ви прости, но нема да заборави. Ќе ви стане „кристално“ јасно на 13. Април. А после или можеби пред изборите, доколку соберете храброст, ќе можеме заеднички да ги прославиме историските успеси на нашата Татковина.

Со почит,

Димитар Пипилевски

Наставник по македонски и германски јазик

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани