Webp.net gifmaker

По барање на Гошаревски се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група за Преспанското Езеро

Февруари 12, 2020

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски за време на седницата на Влада во Охрид побара да се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група која ќе направи увид и ќе преземи мерки поради аларматното повлекување на Преспанското Езеро.

„На седницата на Влада, имав прилика да соопштам за тековните активности на Општина Ресен и меѓу другото да предложам предлог-заклучок со кој ке се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група од надлежните институции ,која ке направи увид и ке предложи мерки и активности поради алармантното повлекување на Преспанското Езеро . Заклучокот е усвоен“, соопшти Гошаревски.

 

Водостојот на Преспанското Езеро е три метри под нормалниот водостој. Ова е најголем пад на езерскиот водостој во последните дваесет и повеќе години, велат од Секторот за животна средина во Општина Ресен.

„Водостојот на Преспанското Езеро е во опаѓање и драстично намален во последните 20 години и повеќе, а најголем пад на нивото на водостојот имаме во моментот и изнесува околу три метри во висина под нормалниот водостој“, вели Ајман Ал Малла, раководител на Секторот за животна средина во Ресен.

Во мај 2016 водостојот беше намален за 1,10 метри, а таквиот тренд продолжи до првата половина на 2017 година. Во август 2018 водостојот беше намален за 1,66 метри, а во октомври минатата година 2,5 метри под нормалниот водостој

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани