Webp.net gifmaker

Невработените да го одложат редовното пријавување во Агенцијата до 24 март

Март 13, 2020

Битолската подружница на Агенцијата за вработување ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во Центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата (24.03.2020 година), а истото ќе им биде оправдано од страна на Агенцијата за вработување.

 


По истекот на овој период, невработените лица треба да се јават во Центрите за вработување, со цел продолжување на нивното редовно пријавување.
Во случај на продолжување на заштитните мерки од страна на Владата, невработените лица ќе бидат дополнително известени.


Од Агенцијата напоменуваат дека граѓаните имаат можност да ги користат електронските услуги на Агенцијата за вработување, кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk, за издавање на:
-историјат на работни односи,
-извод од компјутерски запис - образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување,
-потврда за неевидентирано лице,
-потврда за евидентирано друго лице кое бара работа и
-потврда за евидентирано невработено лице.

Ж.З. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани