Webp.net gifmaker

Општина Битола со апел да се почитуваат препораките од Владата за заштита од корона

Март 15, 2020

Покрај локалното делување на работната група за спроведување на мерки за превенција-болест COVID 19 (коронавирус) на Општина Битола од почетокот на оваа недела, со засилените мерки, препораки и преземени активности во однос на сообраќајот и зголемената хигиена во сите општински установи, Општина Битола координирано е во соработка со сите институции во градот кои имаат одредена надлежност и поврзаност со активностите поврзани со COVID 19, односно корона вирусот.

 

Во постојан контакт и со одредени насоки за координирано делување  се градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, директорката на Клиничка болница Битола Билјана Гагачова, директорката на Центарот за јавно здравје Елизабета Крстева и директорката на Домот за народно здравје „Хаим Абраванел“, Весна Спирковска. Во координираните активности се вклучени и други институции, надлежни за безбедноста во градот.

Во меѓувреме, општината уште еднаш апелира до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и законски обврски дадени од страна на Владата на Република Северна Македонија, кои секојдневно ги пренесува министерот за здравство Венко Филипче. Среќна околност е што тестираното лице од Битола е негативно, но во овој период мора многу да се внимава и сите заедно, одговорно да се однесуваме.

Воедно, општината упатува апел и до сите добронамерници, да не настапуваат волунтаристички, односно неорганизирано и да не ја искористуваат ваквата состојба за популизам.

За секоја новонастаната состојба, или други преземени мерки од страна на Општина Битола, граѓаните ќе бидат навремено известени.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани