Webp.net gifmaker

Црвениот крст подготвен со волонтерски тимови за помош

Март 18, 2020

Црвениот крст оформи три тимови со по четворица волонтери кои можат да доставуваат храна и лекови на лицата кои не можат да излезат од домовите. Воведени се две беплатни телефонски линии на броевите 070 791 770 и 047 236 019 на кои граѓаните можат да побараат помош.

 

„Работиме од 8,30 до 15,30. Граѓаните можат да се јавуваат во текот на денот, а тоа значи група на изнемоштени стари лица, хендикепирани, лица со инвалидитет , заболени од рак и лица во самоизлоација. Секаде каде што е потребна помош. Треба да се јават на телефон, да кажат кои намирници им се потребни , потоа се оди кај корисникот тој потпишува изјава со адреса и сума на пари што ќе му ја даде на волонтерот , се потпишува корисникот, волонтерот, се скенира и се праќа во Органзиацијата, одат волонтерите ги купуваат намериниците и им ги носат во домовите“, рече Лилјана Ристевска претседател на Општинската организација на Црвен крст од Битола.

Таа вели дека волонтери имаат доволно за да оформат и повеќе тимови ако е тоа потребно. Сега не е потребен апел за нови волонтери зашто истите прво ќе треба да поминат обука за помош во услови на кризи од страна на Црвениот крст.

Досега не се јавиле ни граѓани со иницијатива да донираат заштитни маски, ракавици и други средства. Доколку има такви лица, од Црвениот крст апелираат донациите да одат преку нив.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани