Webp.net gifmaker

Недостигот на сурово млеко го запре производството во сирењарата на Бимилк, а со тоа и извозот во САД. Намалениот сточен фонд во државата, го намали и производството на домашно млеко, а дефицитот за дел од млечните производи кои се извезуваат  се надоместува со евапорирано млеко. Производите на Бимилк за домашниот пазар се од млекото откупено од домашните кооперанти, тврдата од млекарницата.

И оваа среда бесплатен доручек  и ужинка од млекарницата „Бимилк“. Неодоливата понуда се состои во свеж, вкусен и здрав сендвич за доручек и парче Chees cake и чипс закуска  за попладневната пауза со колегите на работа. Производите се подготвени со Битолската павлака, која е вкусна во секаква комбинација со храна.   

Оваа среда „Бимилк“ повторно израдува дел од своите потрошувачи со бесплатен доручек. Овој пат доручекот се состоеше од житарки и кисело млеко „Баланс +“. Житарките во комбинација со пробиотски оброк за појадок гарантираат повеќе енергија и концентрација за работниот ден. Почнете го денот со квалитетните производи на „Бимилк“ и хранете се здраво!

Битолската млекарница и оваа среда, на домашна адреса и во фирмите на своите потрошувачи во Битола, утрово им достави геврек и јогурт во рамките на својата промотивна акција„ БИМИЛК-појадок во среда“.

Чоколадно млеко „Моја кравица“ и чоко корнфлекс и оваа среда битолската млекарница „Бимилк“ подготви како изненадување за своите потрошувачи. До работните места и домовите на дел од своите потрошувачи во Битола вработени им го доставија вкусниот чоколаден појадок за активен почеток на новиот работен ден. Чоколадното млеко „Моја кравица“ го буди детето во секој од нас!

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани