2win800x200

Ходникот на Манаки како холивудскиот Булевар на ѕвездите

Септември 24, 2018

Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, по урнекот на Булеварот на ѕвездите во Холивуд, по 39 годишно постоење, за првпат доби постојана фотографска поставка која говори за богатата историја и плејадата светски филмаџии кои продефилирале низ Битола. Поставката е во ходникот на „Епинал“, хотелот во кој обично се сместуваат легендарните филмски ѕвезди од фестивалот. Поставката содржи 20 паноа со преку 500 висококвалитетни фотографии од фестивалот.

 

„Ходникот на Манаки е поставка која ќе биде во хотелот засекогаш. Ако ги прашате туристите зошто доаѓаат во Битола, едни ќе ви речат за Воената гимназија каде учел Ататурк, други за Хераклеја, трети за фестувалот ‘Браќа Манаки’. Но, ако дојдат во Битола кога не е фестивалот, нема што да видат за него. Затоа го направивме Ходникот на Манаки, нешто што Битола го немаше. Ги пронајдовме фотографите Ставреви кои цел живот го следат Фестивалот, им ги плативме авторските права и сега фотографиите ќе стојат во хотелот каде доаѓаат филмаџиите со години“, ни изјави Огнен Циговски, генерален директор на „Епинал“.

Реновирањето на внатрешниот простор и креативното решение за оригиналната поставка е на архитектонскиот тим на „Студио Јанковска“ од Скопје, а историјата на фестивалот е испишана со фотографиите на таткото и синот Петар и Сашо Ставрев кои важат за легендарен фотографски двоец во Битола.

„Продолжи да фотографираш, тоа ти го оставам како аманет, ми рече Милтон Манаки при последното интервју што му го направив пред да почине. Останав верен на аманетот. Го следам Фестивалот од почетокот до денес. Сум фотографирал плејада уметници. Жорж Скригин, кој на 29 ноември 1943 година во Јајце го сликал Тито. На Фестивалот во Битола го замолив да го одбере најдобриот портрет и го сликав покрај него. Потоа Киро Билбиловски, првиот фотограф на македонскиот филм ‘Фросина’. Цел ден го ловев за интервју Вељко Булаиќ, снимателот на култниот филм ‘Битката на Козара’ и документарниот филм ‘Мемоарите на Тито’. Не испуштив ни една можност да присуствува некоја личност, а да не ја фотографирам“, вели Петар Ставрев.42252267 718172405201149 3199651451840233472 n

Својата љубов кон фотографскиот запис му ја предал на синот Сашо, голем љубител на фотографијата и филмот. Следајќи филмски фестивали низ светот имал можност да заигра танго со актерката Џулија Ормонд, разговарал со Катрин Денев, го налутил Ален Делон, се дружел со Бразилецот Волтер Карваљо- добитник на Златна и Сребрена Камера 300, американскиот актер Вилем Дефо го поканил заедно да одат на премиера, се шетал со филмскиот критичар и програмски директор на фестивалот „Котбус“, Ролан Раст од Берлин, како и со Филип Бергсон со кој и ден денес пријателува. Низ фото-објективот ги уловил холивудската дива Лорин Бекол, Роси Перез, Вупи Голдберг, Грегори Пек, Крис О’ Донел, Ричард Атенборо, Морис Зар, Жулиет Бинош, Патрик Бергин, Мајкл Јорк и други.42215658 1025142011026279 5267414506757160960 n

„Сум патувал на многу филмски фестивали, но посебно чувство имам кон битолскиот, а светски фестивал ‘Браќа Манаки’. Многу спомени ме врзуваат со него. Се сеќавам кога градбите на Широк сокак се реновираа, годината кога беше бомбардирањето на Белград и кога немавме после 22 часот каде да одиме, ги повикав гостите кај мене дома на ајвар. Гости ми беа Ото Рајтер, Рон Холовеј, Кико де ла Рика“, вели Сашо Ставрев.

Гостите на „Браќа Манаки“ уживаат во комфорниот амбиент на „Епинал“, а едно од најпосетениот катчиња е Ходникот на Манаки, каде се наоѓа единствена изложба за најпознатиот македонски фестивал во светот.42238237 2150459271882175 6730686972328673280 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани