2win800x200

„Грижата за Хераклеја Линкестис денес, гаранција за утре“-трибина на битолскиот Завод и музеј

Октомври 01, 2018
 
НУ „Завод и музеј“-Битола ќе ги одбележи Европските денови на културно наследство 2018 со јавна трибина со наслов „Грижата за Хераклеја Линкестис денес, гаранција за утре“ која ќе се одржи на 2 октомври (вторник) во малата сала на битолскиот Завод и музеј со почеток во 12 часот. 
 
Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, во јуни Владата на РМ го прогласи  за културно наследство од особено значење, во поткатегорија големо значење. Ова е прв локалитет во Македонија каде е извршена ревалоризација на споменичната целина, а сега спроведена е и неговата категоризација, согласно Законот за заштита на културното наследство, со што локалитетот и неговото пошироко опкружување добиваат повисок режим на заштита.
 
 
Токму на оваа тема на утрешната трибниа ќе дебатираат, Аница Ѓеорѓиева и Енгин Насух, археолози во НУ Завод и музеј-Битола, како и претсавникот од Управата за културно наследсво Данче Голубовска. 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани