2win800x200

Одбележан Денот на учителот- 58 генерации учители, наставници и воспитувачи дал Педагошкиот факултет во Битола

Октомври 05, 2018

58 генерации на учители, наставници и воспитувачи дала Педагошката академија, Факултетот за учители и воспитувачи и Педагошкиот факултет во Битола. Ова е всушност една иста високо образовна инстутуација која во континуитет се развивала од академија во факултет во чекор со времето и според образованите потреби во земјава. Оваа бројка ја претставува Битола како еден од најистакнатите градови на просветата во Македонија.

 

На Педагошкиот факултет денес беше одбележан Денот на учителот преку траклезната маса „Образование, уметност, култура“ на која зедоа учество поголем број на просветни работници. Со овој настан се одбележа и заминувањето во пензија на долгогодишната професрока на Факултетот м-р Мери Кафкалевска Стоилкова, познат македонски пијанист.43146519 10155660445442050 6682321375673188352 n

Педагошкиот факултет во Битола ги продолжува традициите на Педагошка академија која како наставно-образовна институција произлезе од прочуената Учителската школа. Академијата беше основана во далечната 1964 година. Основната мисија на Академијата беше оспособување на кадар со вишо образование за потребите на училиштата од југозападниот регион на Р. Македонија. За време на триесетгодишното постоење, на Педагошката академија со вишо образование се стекнаа 29 генерации или вкупно 3184 студенти, од кои: 1394 се оспособија за изведување на одделенска настава, 1673 за предметна настава, 117 станаа воспитувачи.

На местото на Академијата во 1995 година беше конституиран Факултет за учители и воспитувачи. Главната цел и задачата на Факултетот беше сеопфатна подготовка на учители и воспитувачи кои се квалификувани и стручно подготвени да се вклучат во системот на предучилишното и основното училишно воспитание и образовение. На Факултетот најпрвин беа застапени само две додипломски студиски програми: учител и воспитувал, но набргу потоа се организираа и постдипломски студии, а постдипломците можеа да се стекнат со академско звање доктор на науки во областите методики и образовен менаџмент.

Денес, Педагошкиот факултет ги има насоките: наставник за одделенска настава, воспитувач, ангилски јазик и книжевност, македонски јазик и книжевност, германски јазик и книжевност, социјална и рехабилитациска педагогија, информатика и техничко образование и библиотекарство. Организирани се и магистерски и докторски студии.43274545 10155660444202050 426840051809255424 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани