2win800x200

Интерактивна работилница на Медицинското училиште во Битола по повод Меѓународниот ден на борба против гладта

Октомври 17, 2018

Учениците од средното  медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ Битола, денеска го одбележаа Меѓународниот ден за борба против гладта. Медицинското училиште цела недела е вклучено во активности за тоа како да се подигне свеста кај младите за рационално третирање на храната и искоренување на гладта. Група ученици денеска со дел од професорите се собраа на едукативна и интерактивна работилница во еден од битолските расторани.  

-Сакам да истакнам дека ова е еден сериозен светски проблем. Нашето училиште започна со активностите по повод Меѓународниот ден на храната и Денот на гладта и тие активности ќе траат до крајот на оваа работна недела. Денеска нашите ученици во оваа воннаставна активност ќе бидат запознати со повеќе информации за Денот на гладта, а ќе се водат и дискусии, бидејќи на тој начин ќе ја поттикнеме свесноста   и хуманоста во борбата против гладта,што  е светски сериозен проблем,  а уште повеќе отежнат од климатските промени и нееднаквиот економски развој. Нашите ученици се застапени во овие работилници од прва до четврта година со едукација како да се помогне на социјално загрозените лица и како може да се искорени сиромаштијата преку учење и знаење, рече педагогот во Медицинското училиште во Битола, Милка Мицевска.

med2

 

Од педагогот Мицевска учениците слушнаа дека над 800 милиони луѓе во светот денеска страдаат од глад,тоа е 11, 3 проценти од светската популација од коишто 60 проценти се жени, а околу 8 милиони деца. Исто така таа потенцираше дека од глад секојдневно умираат околу 20 илјади луѓе поради неисхранетост.

-Голем проблем е фрлањето на храна и за жал Македеонија придонесува во оваа слика. Од 5 до 12 илјади тони годишно се фрла храна, што е голем показател за нашата несвесност. Треба ли некој да ни каже дека храната треба да се замрзне или да се донира, да бидеме хумани покрај толку многу гладни луѓе во светот?. Само овде во нашата држава околу 400 илјади граѓани немаат ниту еден топол оброк, а каде се тука болестите поврзани со недоволниот внес на храна? рече педагогот Мицевска.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани