Ноември 13, 2018

„Ќе доаѓам почесто за да видам како расти дрвото“, Виолета Томовска засади дрво во Градскиот парк

Ноември 05, 2018

„Ќе доаѓам почесто за да видам како расти дрвото“, рече доајенот на македонската народна песна  Виолета Томовска откако денеска во Градскиот парк во Битола засади  симболично „дрво на животот“ како годинешна добитничка на наградата за животно дело „4-ти Ноември“ на градот Битола.

-Многу сум среќа што прва меѓу добитниците на оваа награда „4-ти Ноември“ за животно дело сум дел од оваа прекрасна иницијатива и верувам дека дрвото ќе ме надживее и мене.

Имам 73 години и се радувам што имам  еден свој јубилеј 35 години од операцијата од карцином и на тоа поле сакам повеќе да соработуваме со Општината за здравјето на жените. Ова е голем поттик за мене ,да ми се продолжи животот, и покрај тоа што се уште ме служи гласот и снимам  би сакала  уште некој концерт во Битола да одржам и тука да се порадуваат на моите настапи и помладите генерации, да чујат  што е тоа староградската песна и што е она што некогаш Битола го имала, рече во својата емотивна изјава Виолета Томовска.     

Во посебна алеја во делот на детското катче, Томовска го засади првото дрво откако градоначалничката на Општина Битола , Наташа Петровска  ја даде идејата од оваа година, па во иднина сите добитници на наградата за животно дело да садат дрво во Градскиот парк.45450071 725923031106178 7408455867021918208 n

-Решивме да дадеме една нова нишка и да оставиме трага со иницијативата што треба да биде традиција од оваа година, па се натака секој добитник на наградата за животно дело , да посади по едно дрвце, започнуваме со оваа локација и точно на ова место да се надополнуваат садниците. Од една страна сакаме да оставиме траг и белег на таа награда за да се сеќаваат и генерациите кои што доаѓаат , а од друга страна да го оплемениме нашиот простор , нашиот град, рече градоначалничката Петровска.

Директорот на ЈКП „Комуналец“ , Панде Богоевски, рече дека алејата на наградените дополнително ќе се уредува со што како претпријатие ќе се грижат засаденото дрво да се негува на соодветен начин.45389567 287572045219212 4822347824924459008 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани