2win800x200

Со свечена академија и доделување благодарници „Стрежево“ го заокружи одбележувањето на 40 годишниот јубилеј (фото галерија)

Ноември 26, 2018

Со свечена академија, што се одржа во Народниот театар во Битола, јавното претпријатие „Стрежево’ од Битола ја заокружи прославата по повод 40 години од формирањето на хидросистемот, еден од капиталните субјекти во Пелагонискиот регион со исклучително значење за водоснабдување на градот и околината и наводнување на земјоделските површини. Актуелниот директор Методија Гаматковски, во своето обраќање пред присутните, ја потенцираше важноста на „Стрежево“ за Битола и целиот регион.

- Со изградбата на хидросистемот „ Стрежево“ не само што се надмина перманентниот недостиг за вода во Битола, туку е обезбедена неограничена суровина за проширување на производствените капацитети на ЈП „Водовод“ и можност за непрекинато снабдување со контролирана, хигиенски исправна вода за пиење на Битола и околните места, како и соседните општини Новаци и Могила. Со тоа се создадени услови за елиминирање на порано често присутните заразни заболувања, предизвикани од недостигот на вода. Исклучиетлното значење на изградбата на хидросистемот „Стрежево“ е во доменот на поставените задачи, а треба да се има предвид неговата функционална поврзаност со најголемите производители во РМ, и тоа производителот на храна ЗК Пелагонија и производителот на електрична енергија РЕК-Битола, рече Методија Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“.

Тој го потенцираше и значењето на хидроцентралите за производство на електрична енергија од хидросистемот „Стрежево“, како и заштитата од големи поплави.

-Идеите за искористување на обновливите извори за производство на електрична енергија од хидросистемот „Стрежево“ датираат уште од почетокот на изградбата на хидросистемот. Не многу подоцна, искористувањето на хидропотенцијалот за производство на електрична енергија се реализира со изградбата на 5 хидроцентрали од кои произведената електрична енергија се продава на слободниот пазар. Не помалу важен ефект од изградбата на хидросистемот „Стрежево“ е елиминирањето на опасноста од поплавување низводно од браната што не беше реткост во периодот пред нејзината изградба, рече Граматковски.

Сепак можностите на хидросистемот „Стрежево“ се уште не се во целост исцрпени.

-Во периодот пред нас, од планираните активности приоритетни ќе бидат плановите во насока на зголемување на експлоатационата сигурност на објектите и системот во целина, поадекватно задоволување на потребите на водокорисниците и порационално искористување на расположливите потенцијали на хидросистемот, рече Граматковски.

За значењето на хидросистемот „Стрежево“ на свечената академија по повод 40 годишниот јублеј, зборуваше и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

-За хидросистемот „Стрежево“ може да се каже дека е еден од најрепрезентативните капитални објекти од ваков вид во Македонија. Доказ за тоа е што тој преку 40 години не само што овозможува рационално искористување на водниот потенцијал и непрекинато водоснабдување, туку служи и за превентивна заштита од поплави, за производство на електрична енергија. Овој хидросистем 40 години е во одлична кондиција.

Николовски рече дека Владата и ресорното министерство, како и досега сериозно ќе инвестира во водостопанската дејност.

-Оваа Влада ја препозна вредноста на инвестициите во водостопанството во овој сектор. Само на овој начин може да се зголеми површината на плодните наводнувани површини и да се создадат поволни услови за земјоделците и за севкупен развој на регионот, бидејќи водата е основна потреба за секоја дејност, а нејзиното рационално искористување останува во фокусот на нашите сегашни и идни политики. Затоа значителен дел од буџетот на Министерството за земјоделство за следната години издвојуваме токму за инвестиции во капитални проекти во водостопанската инфраструктура, како предуслов за модерно и конкурентно земјоделско производство пред се. Оваа година започнавме со реализација на дел од нив и ги завршивме проектните документации, ги добивме соодветните одобренија кои што чекаа со години, а следната година продолжуваме со забрзано темпо на реализација. Со цел зголемување на плодните наводнувани површини оваа година во програмата за водостопанство во рамки на буџетот на министерството имаме испланирано 428 милиони денари за капитални проекти во водостопанството, а минатат година имавме 130 милиони денари за оваа намена. Како Влада ќе продолжиме да инвестираме не само во новите капацитети во водостопанството, туку во одржување и унапредување на веќе постоечките. Само на овој начин можеме да создадеме квалитена и одржлива мрежа и да овозможиме развој и напредок на секој регион во Македонија, рече Николовски.

На свечената академија, ЈП „Стрежево“ додели благодарници на вработените со најдолг стаж, и тоа на Бранко Башиќ, дипломиран градежен инженер и за Цане Грашковски, возач и ракувач со градежна механизација. Благодарница беше доделена и за РЕК Битола, за долгогодишната соработка, за ЈП „Водовод“, за ЗК „Пелагонија“ и за Општина Битола. Постхумно беа доделени две благодарници и тоа за творецот на хидросистемот Томе Делов, како и за првиот директор на „Стрежево“, Методија Сапунџиоски.

Претходно во фоајето на Народниот театар во Битола беше поставена изложба на фотографии низ кои е прикажана работата на ЈП „Стрежево“ од изградбата до денес.

 

Автор на дел од фотографиите е Горан Петровски-Фото Студио ПИНК

 

DSC 9439

DSC 9436

46733589 273031923355419 1536546042160349184 n

 

46965799 2929727690386279 3687321653743714304 n

46967644 742650602754309 3247567704722243584 n

thumbnail 2

thumbnail

46780450 340961443381814 89988906405068800 n

DSC 9282

DSC 9309

DSC 9318

DSC 9365

DSC 9382

 

DSC 9403

DSC 9421

 

 

46787278 2149176425344411 1547011309797638144 n

46863419 549004942193485 4147817717824487424 n

DSC 9307

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани