2win800x200

Во Брод споменик за загинатите војници и цивили од Првата светска војна

Ноември 29, 2018

Спомен обележје за загинатите војници и цивили во Македонискиот фронт по повод сто години од крајот на Првата светска војна беше отскриено денес во новачкото село Брод.

Градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски рече дека споменикот ќе биде сведоштво за минатото, но и потсетник за во иднина заеднички да градеме мир.

 

„Означуваме сто години од крајот на Првата светска војна, во чест на сите загинати војници, во чест на сите загинати цивили кои се нашле во тие борби пред сто години. Овој споменик го подигнавме да биде сведок на се она што се случувало пред сто години и сакаме да порачаме дека ние ќе градиме иднина во мир и порачуваме никогаш повеќе да не се вратат тие страдања. Да мислиме на добро, на мир, а не на војна“, вели Кузмановски.

Европа има потреба од пример каков што е Македонија зашто таа дава прмиер за помирување со сите свои соседи, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешното откривање на споменикот.

„Со загриженост гледаме дека меѓународната заедница во овој момент минува низ одредени тешкотии. Треба да бидеме многу внимателни со предизвиците на иднината. Но, и историјата ни дава дополнителна врска за да го изградеме мирот заеднички, за помирувањето зашто вашата земја во овој момент дава еден пример за помирување со сите свои соседи, а ние имаме потреба од таков пример во Европа што значи имаме потреба од вас во Европа. Вашата земја не ја гледам повеќе онака растргната како што била пред сто години, туку ја гледам како еден составен дел и значаен чинител во меѓународнарта заедница“, рече Тимоние.

Пред споменикот свежо цвеќе положија делегации од Франција, Русија, АРМ, Општините Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар и други гости.46975357 1919069274849689 4057213634663677952 n

46845170 2291366580938521 3262061436934815744 n

47139230 2105390816379730 7332003602317180928 n

46950754 546151735811839 5444122758533349376 n

46972233 2346725682224566 3150682777351880704 n

47046114 253063195363601 2576479391139758080 n

47005467 2203988213199643 2165195118171127808 n

47012208 1975128275906505 7100835693508689920 n

47249121 2090950484568117 7407741798644187136 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани