2win800x200

Општина Новаци им подели новогодишни пакетчиња на 270 ученици од ЦОУ „Славко Лумбарковски“

Јануари 01, 2019

Општина Новаци им подели новогодишни пакетчиња на сите ученици од  8-те подрачни училишта во општината.

 

Во пресрет на новогодишните празници  градоначалникот Љубе Кузманоски  заедно со директорот на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ –Новаци , Илче Соклевски  ги израдуваа учениците со новогодишни пакетчиња.

“Општината  обезбеди над 270 новогодишни пакетчиња  за сите ученици  од основните училишта во општина Новаци како и за деца од ранливите категории . Празниците што доаѓаат се одлична можност  за остварување на многу детски желби .Ние како локална самоуправа  во соработка со директорот на училиштето „Славко Лумбарковски“  придонесовме со скромни новогодишни пакетчиња да ги израдуваме  сите ученици .Во новата 2019 година она што е наша обврска како локална самоуправа е да ја продлабочиме соработката со основните училишта   , каде заеднички  ќе работиме  на  многу проекти  со цел  подобрување на воспитно-образовниот процес  во сите училишта.”- рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

received 293217824713304

received 371663250233896

received 374233213141301

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани