2win800x200

Кочан утро во Битола од минус 6 степени, во текот на денот до -4

Јануари 04, 2019

Утрово температурата во Битола се спушти до -6 степени, а во текот на денот ќе се движи до -4 степени.

Температури под нулата има во сите населени места во Македонија, информира УХМР. Снежната покривка во Битола е 24 сантиметри.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Во повеќе места повремено ќе провејува снег, а во јужните делови врнежите ќе бидат со слаб до  умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1 степен.

 

Под влијание на многу студена воздушна маса, следува период на променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Повремен слаб снег ќе има и во недела, а во првите два дена од следната недела ќе биде сончево со умерена облачност, но и натаму ќе биде студено.

Прогнозата на УХМР покажува дека во сабота минималните температури ќе се движат во интервал од – 15 до – 5, а максималните од – 5 до 2 степена.

Во недела минималните температури ќе се спушат до – 13, во понеделеник до – 12, во вторник до – 15, а во среда до – 13 степени.

Максималните температури во тие денови ќе бидат во интервал од – 6 до два или три степени, со исклучок на недела кога се прогнозираат 6 степени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани