2win800x200

Чисти и проодни патишта на територијата на Општина Новаци

Јануари 08, 2019

Општина Новаци успешно се справува со интензивните врнежи на снег кои ја зафатија територијата на општината во изминатиот период .

Во делот каде што е надлежна општината чистењето на снегот од локалните патишта , улици и тротоари го извршува фирмата која го доби тендерот за зимско одржување на локалните патишта и улици за 2018/2019год. на територија на општина Новаци како и ЈП „Комунална хигиена“ од Новаци каде со сопствена механизација вршат чистење на локалните улици и тротоари во населените места  во општината . Чистењето и одржувањето на регионалните патишта на територија на општина Новаци го изведува Македонија пат каде целосно е исчистен патниот правец Р1311 Битола –Новаци –Рек како и регионалниот пат Новаци –Маково –Старавина  , патниот правец  Брод-Гнеотино , Новаци –Добрушево како и врска М-5 –Кременица-Бач-Скочивир –Старавина, информираат од Општина Новаци.

Патиштата се проодни до сите населени места во општина Новаци вклучувајќи го и мариовскиот дел каде имаше поголема снежна покривка . Нема отсечени населени места.Општината заедно со ЈП „Комунална хигиена“ како и фирмата надлежна за зимското одржување во соработка со Македонија Пат будно ја следат состојбата на терен и при најавените нови врнежи од снег во период што следи –велат од општинската управа.

novaci

 

aneta 1

 

aneta 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани