2win800x200

Јавна расправа за Офицерскиот дом во Битола, општината пред потпишување договор за грант

Април 02, 2019

Општина Битола за скоро  треба да го потпише договорот за реализација на проектот за реконструкција на Офицерскиот дом, а денеска се одржа јавната расправа по однос на планот за културно наследство.

Ова е последната фаза пред потпишување на договорот за финансирање со  грант за овој проект преку ИПА2 програмата на Европската унија, но се уште не се знае колку пари ќе добие Општината за рекнструкција на ова исклучително значајно културно наследтсво, но од вкупната сума 90 проценти ќе бидат од грантовата шема чиј носител е Светска банка, а 10 проценти средстав од буџетото на Општина Битола. Според законските рокови и утврдената динамика, до потпишување на договорот има уште неколку дена, но со оглед на предизборитето, се уште е неизвесно дали на догворот ќе се стави потпис сега или по завршување на Престедателските избори. 

-Општина Битола изработи проектна документација за адаптација и реставрација на Офицерскиот дом со која аплицираше на проект од ИПА2 програмата „Локална и регионална конкурентност“. Со овој проект ги поминавме сите фази и ја добивме апликација за финансираење преку грантова шема од оваа програма. Последната фаза пред потпишување договор е спроведување јавна расправа и дебата по однос на планот за културно наследство кој претставува составен дел на целокупната документација за добивање на овој грант, рече Зора Симјановска, координатор на проектот од Општина Битола.

Проектната документација ја изработи проектантската куќа „Глобал“, а чинеше 5000 евра,  додека планот за културно наследсво 500 евра. Од „Глобал“ велат дека комплетно ќе биде задржана автентичноста на надворешноста на објектот.

-Се потрудивме со проектната документација да се задржи убавината на Офицерскиот дом, да го врати стариот сјај и нашата интенција беше да биде што побликсу до оригиналните, автентичните изрази на целиот обејткт. Надворешниот изглед мора апсолутно да остане ист, со тоа што со примена на некои посовремени материјали ќе се обидеме објектот да биде на некој начин потраен. Тоа подразбира комплетна санација на фасадата, промена на дограма, прозорците кои се страшно руинирани  повтроно ќе бидат од природно дрво, но ќе се прилагодат на некои нови тенденции, односно ќе бидат енергестки ефикасни, а ќе се срди и  кровната конструкција, рече Витомор Савиќ, конзерватор проектант од  проектантска куќа „Глобал“  која ја изработи целокупната проектна документација

Исто така, прокетантот се потрудил да најде фирми во светот кои ќе можат да го опслужат изведувачот со материјали за и внатрешноста да биде блиску до оригиналот.

- Во внатрешноста порано имаше прекрасен ентеријер, а сега постојат некои остатоци од подните површини. Имаше неверојатно убав паркет кој ретко се јавува на нашие простори и плочки кои во тоа врме беа најатрактивни. Се потрудивме да најдеме производители низ светот кои  можат да ги изработат,  затоа што тоа е занатчиска работа која денеска многу ретко може да се најде, посебно не во Македонија, за жал. Што се однесува до намената, Офицерскиот дом ќе биде огледало на Битола, пред се,  тој простор ќе  се користи за културни настани. Но работа е на инвеститорот дали обејктот ќе има и други намени, рече Савиќ. 

На прашања на пристунтите,  претставниците на проектантската куќа и Општина Битола, одговорија дека со проектот се предвидува и партерно уредување на Офицерскиот дом, во кои се опфатени чешмата и придружните објекти, платото, како и хортикултурно уредување на просторот. Сите јавни набавки ќе бидат обврска на проектантската куќа, а ќе се распишуваат веднаш по потпишувањето на договорот за реализација на проектот со ИПА2 програмата на ЕУ. Според утврдените рокови, проектот  треба да заврши до крајот на оваа календерска година. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани