2win800x200

ВО РУДНИЦИТЕ ИМА МЕСТО И ЗА РУДАРКИ

Јуни 10, 2019

Рударството во последните години станува претежно машка професија. Но, дека има девојчиња кои сметаат дека во рудниците има место и за жените, доказ е средношколката Марија Христовска, ученичка во Средното општинско училиште „Таки Даскало“ во Битола. Таа е единственото девојче во нејзиниот клас. Христовска заедно со останатите шест соученици од насоката за геолошко – рударски техничар обавува практична настава во рудникот Брод Гнеотино во РЕК „Битола“.

 

Запрашана зошто ја избра оваа професија, вели дека сакала да докаже дека мажите и жените се рамноправни и дека професиите не треба да се делат на машки и женски.

„Учам за геолошко-рударски техничар , сега сум трета година, следната година веќе ќе матурирам и планирам да се запишам на Геолошко- рударски факултет. Потоа планирам да побарам работа. Смеам дека тука има место за рударки“, рече Христовска.

Работата во рудникот воопшто не е едноставна, денес температурата таму беше 30 степени над нулата. И на ова изгор време вработените си ги обавуваа работните задачи, а учениците и професорите парксата.

„Порано имавме многу девојчиња. Можете да замислите дека вчера бевме на генерациската средба, 25 години од матурирањето, бевме повеќето женски од машки. Но, низ годините се намалуваше бројот на ученици во класовите. Се преземаат мерки да се промени тоа зашто има потреба од овј профил, се вработуваат во РЕК или во фирмите кои работат во РЕК. Во РЕК има жени рударски техничари и инженери, си ја работат работата доста добро. Уште не можеме да ги охрабриме ракувачки да бидат, а се поспремни од машките понекогаш“, рече професорката Валентина Маневска, рударски инженер.

РЕК „Битола“ има потпишано меморандум за соработка со СОУ „Таки Даскало“, Техничкото училиште „Ѓорги Наумов“ и Техничкиот факултет. Практикантите од оваа година од РЕК добиваат превоз, храна и облека.

„Задоволни сме од соработката и се трудуиме од година во година да биде сѐ покавлитена во однос на она што како комбинат го обезбедуавме на учениците и студените“, рече Методија Куновски, портпарол на РЕК „Битола“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани