Август 23, 2019

Street gif

Фондот за иновации одобри проект за ОУ „Тодор Ангелевски“ од Битола

Јуни 11, 2019

Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од Битола го доби проектот со кој аплицираше во Фондот за иновации „Интерактивна карта на потенцијал за користење обновливи извори на енергија во Општина Битола“. Активностите ќе се изведуваат на подрачјето на нашата општина, па учениците ќе се запознаат со локации кои би биле потенцијални ефективни корисници на обновливи извори на енергија.

-Фондот за иновации и технолошки развој ни даде можност за реализација на проектните активности, поврзани со наставните содржини но и со развивање на еколошката свест кај учениците, кои ќе бидат ставени пред предизвик за истражувачка работа и пронаоѓање на идејни решенија за искористување на обновливите извори на енергија во нивното пошироко опкружување, вели Љубица Стерјева, директор на ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола.

Крајниот резултат од проектот е изработка на интерактивна карта во Google Maps (My map) на која ќе бидат претставени локациите кои имаат потенцијал да искористуваат обновливи извори на енергија.

-Проектните активности со учениците се еден од најдобарите начини за задоволување на нивната љубопитност и мотивирање за спознавање на светот околу нив. Ова се генерации кои се поставени пред предизвици за поздрава животна средина и барање на начини за искористување на обновливи извори на енергија. Како наставници ние мора да изградиме личности кои ќе бидат подготвени во иднина да вршат истражувања за паметно искористување на природните ресурси, па во таа насока одлучивме да работиме на проект со кој ќе им овозможиме на учениците детално да се запознаат со системите кои ја користат енергијата на сонцето за добивање на топлина, фотонапонски системи, ветерници, електрични централи на биогас, искористување на биомаса, вели Стерјева

Координатори на овој проект се наставниците Гордана Богоевска по географија, Љупчо Божиновски по информатика и Тодорка Цилева, наставник по физика.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани