2win800x200

На денешен ден во Преспа е убиен Крстин Чулаковски-Кичо

Септември 10, 2019

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 10 СЕПТЕМВРИ, во 1943 година, во селото Љубојно, Преспанско е убиен Крстин ЧУЛАКОВСКИ-Кичо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.Роден бил во селото Бистрица, Битолско, во 1920 година. Од почетокот на окупацијата во април 1941 бил меѓу најактивните членови на антиокупаторското движење.

Бил во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ од неговото формирање на 20 мај 1943 г., и тука заедно со Фана Кочовска, бил одговорен за санитетскиот оддел на првата чета.

Во август 1943 г. станал член на Околискиот комитет на КПМ во Битола. 

Загинал во судир на Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ со германската војска во времето на разоружување на италијанскиот граничен гарнизон.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани