Webp.net gifmaker

Дипломираните актери од класата на Мими Таневска Србиновска со „Ревизор“ утре гостуваат во Битола

Ноември 06, 2019

Во рамки на проектот манифестацијата „Нов културен бран 2019“ претставата „Ревизор“ од Гогољ утре (четврток) во 20 часот  ќе биде одиграна на сцената на БНТ, а во наредните денови ќе биде изведена и на сцените на повеќе македонски театри. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а претставата је играат актерите кои неодамна дипломираа на ФДУ во класата на Мими Таневска Србиновска и дем.Ангелчо Илиевски.

07.11.2019 во Народен театар Битола

08.11.2019 на Факултетот за драмски уметности во Скопје
12.11.2019 во НУЦК „Трајко Прокопиев" во Куманово
15.11.2019 во НУЦК „Ацо Шопов" во Штип

Ликови:
Антон Антонович – Томислав Давидовски
Ана Андреевна – Стефанија Митовска
Марија Антоновна – Наталија Ристеска
Лука Лукич Хлопов – Благој Јовановски
Амос Фjодорович Лјапкин Тјапкин - Виктор Велевски
Артемиј Филипович Земњаника – Исмет Шабановиќ
Иван Кузмич Шпкеин – Стефан Спасов
Петар Иванович Допчински – Дарко Ристовски
Петар Иванович Бопчински – Maрјан Наумов
Иван Александрович Хлестаков – Кристијан Танчевски
Февроња Петровна Пошљапкина – Изабела Јакимова
Подофицирката Ивановна – Ана Димитров

Претставата е изведена повеќе од 15 пати, во склоп на Факултетот за драмски уметности, Драмскиот Театар во Скопје, Театар Комедија во Скопје, Прилепскиот Театар Марко Цепенков во склоп на фестивалот Војдан Черднодрински и меѓународниот студентски театарски фестивал Дионис во Хрватска, каде освои награда за најдобра претстава. Популарноста на претставата беше искористена и за обезбедување средства за хуманитарни цели.

„Ревизор” е социјална и морална сатира која ја играат 12 актери, според текстот на Николај Василевич Гогољ. Истата вклучува 5 чина кои се изведуваат во времетраење од 90 минути. Целта на претставата е преку комичен начин да ја прикаже корупцијата која постои во една руска провинција. Дејството се одвива во Русија во првата половина од 19 век каде во едно мало село се очекува да пристигне важна личност – ревизор. Но, на местото на важната личност, доаѓа некој друг за кој сите претпоставуваат дека е ревизорот. Целата конфузија создава комични сцени, анегдоти и неочекувани настани и недоразбирања.

А.Б

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани