Webp.net gifmaker

Се ревидираат рударските проекти во РЕК Битола по што ќе се знае која е иднината на комбинатот

Декември 01, 2019

Се врши ревизија на сите рударски проекти во РЕК Битола, а бројките треба да покажат која ќе биде иднината на комбинатот, и какви се можностите за транзиција кон други еколошки енергенси за производство на електрична енергија.

- Ние во моментот правиме ревизија на сите рударски проекти што ги има комбинатот, односно на постоечките наоѓалишта во Суводол и Брод-Гнеотино, а започната е процедурата и за новиот рудник Живојно. Сите тие бројки ќе покажат како понатаму ќе работи РЕК Битола. Доколку бројките се оптимални и покажуваа економска исплатливост, продолжуваме да инвестиаме во она што го ветивме- во постоечките филтри и десулфуризацијата. Доаѓа  предвид и гасна централа, затоа што гасоводот кој што доаѓа на кај Битола поминува веднаш покрај  комбинатот и може да се искористи и тој потенцијал. Посебно сега со потпишување на догворот со Танап каде што се приклучуваме и на тој гасовод, со што сметаме дека во поблиска иднина гасот ќе биде евтин енергенс за производство на електрична енергија, рече Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.

Тој уште еднаш повтори дека АД ЕСМ веќе започна подговтовки за изградба на 20 мегаватна фотоволтаична електрана во РЕК Битола.

Е.М.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани