2win800x200

Хуманитарна акција „Твоето малку, е некому многу“

Декември 22, 2017

 На 24-ти декември во недела со почеток во 11:00 часот ќе се одржи хуманитарната акција: ,,Твоето малку, е некому многу“ во организација на учесниците на школата за лидерство и кариерен развој ПОЛИТЕА која има за цел прибирање на нерасиплива храна која ќе биде донирана на социјално загрозени семејства.

Центарот за европски развој и интеграција традиционално по четврти пат ја организира оваа акција во соработка со повеќе партнерски организации кои се вклучени во дистрибуција на прибраната храна до семејствата каде таа е потребна.

Активностите во рамките на акцијата ќе бидат поделени во два дела:

Првиот дел ќе биде наменет за најмладите и ќе трае од 11 до 16 часот. Тој ќе се состои од креативни работилници за изработка на новогодишни честитки, украси и оригами. Во рамките на овој дел ќе имаме и забавен простор во кој дечињата ќе имаат можност да се дружат и забавуваатсо интересни игри. А во 13:00 часот го очекуваме и доаѓањето на Дедо Мраз кој ќе се дружи и забавува со дечињата.

Вториот дел од активностите во рамките на акцијата ќе започне во 20:00 со Ди-џеј сет на Боба Фан, по што ќе следува настап на стенд-ап комичарот Марјан Ѓоргиевски, а за финале на вечерта присутните ќе имаат можност да го проследат настапот на бендот The Road и нивниот електричен перформанс.

-Духот на оваа акција е една од целите на школата ПОЛИТЕА, а тоа  е да ја разбудиме хуманоста и солидарностазошто само преку взаемено помагање и подршка можемеда го направимесветот подобро место за сите нас. Затоа Ве покануваме да ни се придружите и да бидете дел од оваа наша позитивна приказна. Зашто Вашето малку, е некому многу!, порачуваат од ПОЛИТЕА 

 

Акцијата ќе се реализира во НЕДЕЛА на 24.12.2017 во КАФЕ БАР Porta Jazz ул. Кирил и методи бр 11.

Учесниците на ПОЛИТЕА и тимот на Center for European Development and Integrationr ЦЕРИ подготвуваат интересни содржини за сите генерации: 

ПРВ БЛОК – 11 :00 – 16:00 – едукативни работилници за деца

- изработка на новогодишни честитки - 11:00 - 13:00 
- дружење со дедо мраз и џуџињата - 13:00-14:00 
- новогодишно детско кино - 14:00 - 16:00 

ВТОР БЛОК - 20:00 - 24:00


- DJ Bobba FUNK - 20.00 - 21.30 Bobban Manevich
- Марјан Ѓорѓиевски - STAND UP COMEDY - 21.30 - 22.30 Marjan Gjorgjievski
- The ROAD - 22.30 - 24.00 The Road - Band

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани