2win800x200

 

Енергичниот настап на легендарната рок група „Психомодо поп“, сличен на оние од времето на поранешна Југославија, вчера ги воодушеви битолчани. Бендот предводен од харизматичниот фронтмен Давор Гобац покажа дека ни енергијата на бендот старее, нити пак нивните хитови кои вчера ги пееја од тинејџери до средовечни гости на концертот.

Испраќањето картички по пошта се враќа во мода, барем кога се во прашање уметниците. Доказ за тоа е изложбата на поштенски мејл арт картички пред Јени Џамија во Битола, како дел од 18. издание на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на МКЦ –Битола.

Балканската рок легенда „Психомодо поп“ ќе го има првиот настап во Битола на концертот во недела во рамки на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на Младинскиот културен центар од Битола. Ова ретко музичко уживање битолчани, а и другите посетители ќе имаат можност да го доживеат со почеток од 21 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола. Харизматичниот фронтмен Давор Гобац ќе ги испее незаборавните хитови "Ја волим само себе", "Секси магазин", "Фрида", "Рамона", "Кад сам имао 16", песни кои ги пеат различни генерации веќе 35 години.

Младинскиот културен центар од Битола, како дел од Коалицијата за борба против гладот и фрлањето храна ја менаџираше донација во бебешко млеко во прав и кашички во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Беа донирани 200 конзерви млеко и 1200 кашички во Домот и кај семејства кои се во социјален ризик, а имаат деца до 2 години. Банката за храна во Македонија ја доби донацијата во млеко во прав, кашички и сокови кои беа донирани низ повеќе градови во земјава, а акцијата за Битола ја организираше МКЦ.

Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб),  реализира континуирани активности во текот на целата година во насока на промовирање на човековото достоинство и охрабрување на дијалогот и разбирањето помеѓу културите и цивилизациите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани