2win800x200

Битолчанец, бил лишен од слобода откако вчера на денот на референдумот, пред гласачко место во центарот на градот им се заканувал на гласачи да не излегуваат на гласање.

Во Битола на гласање излегле 27 739 лица или 33,77 проценти од 82 131 гласачи запишани на избирачкиот список, објави ДИК по обработката на сите гласачки ливчиња од сите 170 гласачки места во општината.

Од нив дури 89,59 проценти или 24 852 гласале „за“, а само седум проценти или 1941 „против“.

Апла.мк неофицијално дознава дека на референдумот во Битола излегле околу 27 450 гласачи, од кои околу 25 550 или околу 93 проценти гласале „за“, а 1900 „против“ или 6,92 проценти.

Според досегашните резултати објавени од ДИК, од обработени 5110 гласови во Општина Битола над 90 проценти гласале „за“, а над 6 проценти биле против. Ова не се конечни резултати зашто имаат сѐ уште податоци за обработка.

До 17 часот во Битола излезноста е 27,63 проценти, односно на гласање излегле 22.675 граѓани со право на глас, објави ОИК. Во Општина Новаци излезноста е 24,43 %, а во Општина Могила до 17 часот на гласање излегле 16,58 проценти од граѓаните.

Од канцеларијата на народниот правобранител и од битолската полиција информираат дека досега кај нив нема пријави за нарушување на гласачкото право. Исто така за мирен референдумски ден потврдуваат и од  ОИК, од каде велат дека до нив не пристигнал ниту еден приговор од избирачките места.

Излезноста на гласачите во Битола до  15 часот достигна 23, 51 проценти , потврдуваа од ОИК. Додека во Општина Новаци излезноста е 18, 21 %, а во Општина Могила до 15 часот на гласање излегле 11,74 проценти од граѓаните.

Инаку денешниот референдумски ден во Битола поминува во мирна атмосфера, без регистрирани нерегуларности на сите 170 гласачки места во општината.  Од  канцеларијата на народниот правобранител во Битола и од СВР-Битола, информираат дека досега не е пријавена повреда на гласачкото право.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани