АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Двата пожари кои избувнаа денеска околу пладне во Битола, се ставени под контрола и нема опасност по луѓето и куќите, информираат од општина Битола.
Притивпожарната единици од Битола потврди дека во моментов интервенираат на двете локации во населените места каде иам пожар, во „Бусничка“ и „Стрелиште“.
-Првиот пожар е пријавен во 13 часот кај „Стрелиште“ и таму гори трева , по 45 минути добивме дојава за пожар во населбата „Брусничка“ подолу од првиот ред на куќи , во локација каде има треба и ѓубриште,потврдија за апла.мк од противпожарната служба во Битола.
Локализиран е пожарот кој вчера попладне избувна во близина на селото Асамати, Ресенско, соопштија од Противпожарната единица на Ресен за Апла.мк.
„Поржарот е локализиран. Во гаснењето учествувавме со три поротивпожарни возила и седум пожарникари. Пожарот се прошири од Асамати кон Грнчари. При крај е интервенцијата и пожарот е веќе локализиран“, велат од Противпожарната единица од Ресен.
Пожарот, велат, не го зафатил заштитниот појас со трски кај Езерани.
Целосно изгорела куќа во битолската населба Баир во пожар што избувнал во 3.30 часот наутро, а бил локализиран во 4.15 од страна на Територијалната противпожарна единица-Битола.Kуќата e во сопственост на С.Р. немало повредени.Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден.