АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-70 години да градите куќа во која е собрана целата интелектуална културолошка елита на Македонија, да го дигенте реномето до ѕвезди, и со право, да го имате Милчо Манчевски, Киро Ценевски, Столе Попов со врвни награди.
По подолг период, да не речем за првпат официјално, почната е постапка за меѓународно признавање, сертификација на скијачката патека „Копанки“. Ова за да се добие меѓународна норма и да може да се организираат натпревари од национален и меѓународен карактер. Ако до почетокот на оваа сезона ја добиеме сертификацијата ќе значи многу за развојот на туризмот на Пелистер.
-Во земјава годишно има над 1300 смртни случаи како последица на нездравиот воздух. Од загадувањето имаме зголемен морталитет и морбидитет или заболувања и умирања. Анализите што ги направија експерти од Светска банка, врз основа на еколошки и здравствени податоци издадени од Институтот за јавно здравје, покажуваат дека околу 1350 случаи годишно умираат како резултат на аерозагадувањето, а напоменувам дека Битола е меѓу трите градови каде што е најзагадено.
-Сакам во мое лично име и во името на сите вас, да се заблагадорам на досегашната советничка група која во изминатите 4 години жестоко се бореше во Советот на општина Битола, успеа да го разобличи криминалецот Владимир Талески, да ни создаде услови да оствариме победа на нашиот опонент ВМРО-ДПМНЕ.
-Од името на сите вас сакам едно да и порачам на Наташа Петровска:-Сите овие луѓе не сакаат втори, трети или четврти кругови, сакаат победа на 15 октомври , а на 16ти да го почестите Талески со едно големо сиктер кафе, како симбол дека тој, неговите пајташи и политиките кои ги водеше никогаш повеќе не смеат да и се случат на Битола.
-Низ тешки сцили и харидби поминувавме, низ непријатни,валкани игри и недостоинствени моменти, но свесни дека обавуваме благородна мисија не се откажавме туку го подготвувме фестивалот. Парите,велат, се отепувачка.
-Се надевам дека еден ден фестивалот ќе има канцеларија во Битола и дека ќе има луѓе од Битола кои ќе ја водат таа канцеларија.
-Она што ви го најавив практично и се реализира. Го имаме во дворот на општината споменикот на војводата Александар Турунџев. Практично, целата постапка се заврши многу одамна.
-Сите ние ја браниме Македонија. Каде бевте вие во 2001 година? Ете ја мојата воена книшка, бев на првата борбена линија да ја бранам Македонија. И што сте поголеми патриоти вие што излегувате во 18 часот на протестите на Тврдокорните, од мене?
-Не знам кој ја прочитал, а кој не, книгата од Џорџ Орвел „1984“.Јас топло ви ја препорачувам на сите од ВМРО-ДПМНЕ, за дејствија кои се одвиваа во 1946 година за да се препознаат, сенадевам дека дел од вас ќе се срамат- рече Наумов.
-Ова е многу посериозно од било кога. Гледате како реагираат многу европски држави. Ние сме една сиромашка држава. Навистина ние сочувствуаме со луѓето кои бегаат од војна, но доаѓаат и од економски причини.