2win800x200

2,17 и 2.05  промили алкохол во крвта,  толку покажал  дрегерот  на полицајците кои синоќа ги стопирале  и побарале да измерат дали овие возачи  управуваат  моторно возило под дејство на алкохол.  Двајцата  се  рекордери  меѓу 51  пијани возачи кои синоќа од 23 до 5 часот ги сопрела полицијата на територијата на СВР Битола кога беше  спроведена  засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. 

За време на контролата биле санкционирани и 47 други видови прекршоци.


Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, велат од СВР Битола

Битолчани на социјалните мрежи реагираат не само на некултурно однесување на некои тинејџери  со вовчето Мечо, туку и на нивна агресивност поради што велат дека се соочиле со опасност тоа да се преврти. Родителите кои со своите деца деновиве се возат со Мечо бараат надлежните да преземат мерки пред да се случи трагедија.

Со Фб статус за проблемот со кучињата скитници се огласи поранешната градоначалничка Наташа Петровска, осврнувајќи се на периодот кога таа беше на ова функција и  нападите кои тогашната опозиција, а сегашната власт ги упатуваше кон неа за овој проблем. Исто така, Петровска таксативно ги наведува  активностите кои се спроведуваа за време на нејзиниот мандат за овој проблем. Интегрално го пренесуваме ставот на поранешната градоначалничка Наташа Петровска. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани