2win800x200

Битолчани предлагаат проширување на пешачките зони во централното градско подрачје. Во истражувањето што го спорведе Здружението „Геосфера“ од Битола од 770 анкетирани битолчани, дури 63 проценти одговориле дека треба да се зголеми бројот на пешачки зони во градот.

На дадениот линк од веб страницата на РГД Геосфера-Битола прикажани се резултатите од спроведената анкета и визуелно со кликање врз картата во Google Maps, прикажани се предлог пешачките зони во град Битола по сугестија на граѓаните.

Домаќинствата и институциите во Битола во текот на зимскиот период учествуваат со 70 проценти во емисиите на ПМ честичките, согорувајќи дрво во огништата, пишува во брошурата што Регионалното здруежение на географи „Геосфера“ ја објави со детална анализа на аерозгадувањето во градот. Во Битола над 62 проценти од домаќинствата  согоруваат  дрво за затоплување. Согорувањето на дрво во емисиите на ПМ 10 честичките  учествува со 39 проценти, а во ПМ 2,5 честичките дури со 57 проценти. Често се користи огревно дрво со висок процент на влага, кое создава многу големи количини на ПМ честички.

Населбите во поширокото централно градско подрачје на Битола, како што се Дрвен Пазар, Јенимаале и Ат пазар имаат  екстремно аерозагадување, посебно во периодот после 15 часот, што се поклопува со периoдот на стабилизација на струењето на воздухот (Пелагонија - Пелистер) и потпалувањето на огништата со дрва. Тогаш токсичните ПМ честчки достигнуваат највисоки концентрации.  Во истражувањето што во изминатите три месеци го спроведе географското друштво Геосфера, во градот се регистрирани два алармантни реони на аерозагадување.

Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, поддржано од Цивика Мобилитас, во рамките на проектот „Сликај, постирај, алармирај“ изработи предлог мерки за намалување на аерозагадувањето во градот и ги поднесе до општина Битола.

Горе од улицата „Прилепска“, долу до „Брегалничка“, десно од „Гоце Делчев“, а лево до „Наум Наумовски Борче“, овој своевиден правоаголник е означен како алармантен регион на мапата со идентификувани аерозагадувачи во Битола, изработена во рамки на проектот на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола.  Во овој правоаголник има повеќе приватни објекти, односно домови кои се идентификувани и пријавени од граѓаните како загадувачи, еден објект за производство на храна и една фабрика. Загадувачите се евидентирани и со фотографии. За жал, во овој реон се наоѓа и училиштето „Даме Груев“ и градинката „Пролет“ каде секој ден престојуваат неколку стотици ученици.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани