2win800x200

Денес во посета на гимназијата „Јосип Броз-Тито“ Битола, беше амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. Повод за посетата беше електронскиот гимазиски весник „Е-ОКО“, кој излегува од 18 декември 2013 година, па сè до денес. Учениците ѝ презентираа за работата на весникот и бројните активности кои се изведени во текот на училишната година, а ја претстаавуваат гимназијата. Беше истакната и соработката со „Медиум“, како главен причинител за нашата средба. На крајот директораката на гимазијата Фанинја Наумовска, помошник директорот Мите Ристов и проф. Соња Живковиќ Ѓорѓиевска изразија благодарност за посетата и надеж за повторна средба.

  За Апла.мк известуваат Кирил Блажевски, Емилија Мицевска IV-1

vantre 2

vantre

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денес ја посети гимназијата „Јоспи Броз Тито“ од Битола каде беше потпишан уште еден петгодишен договор за соработка со Француската алијанса што овозможува размена на ученици и соработка на многу проекти.

Месец на француска кујна, филм, музика, изложба, промоција на книга и франкофонска работилница се само дел од активностите за одбележување на Франкофонијата во Битола.

Во рамките на Месецот на франкофонијата, традиционално секоја година во нашиот град се одржуваат низа активности организирани од страна на Гимназијата “Јосип Броз- Тито” - Битола, Француската Алијанса - Битола и Француски институт од Скопје, како и учениците и наставниците од основните и средните училишта од Битола и околината. Во организацијата на дел од активностите учествува и професорките по француски јазик Елена Трпезановска и Жанета Наумовска од Гимназијата во Битола, заедно со нивните ученици од сите години кои го изучуваат францускиот јазик, со поддршка од Француската Алијанса и Францускиот институт од Скопје.

На седми март учениците присуствуваа на промоција на превод од романот „Малечка" на младата швајцарска авторка и авантуристка Сара Жислер. Настанот беше во организација на Француската Аијанса Битола и Францускиот Институт Скопје.

На 21 март 2019 во дворот на училиштето, се одбележа Меѓународниот ден на Франкофонијата со настанот “Гастрономско патување”. Учениците и професорите подготовуваа и дегустираа јадења и се запознаваа со вкусовите на Франција.53046719 2279724422077768 1385752880018882560 n

55704567 2279724078744469 4468798426494009344 n

На 22 март 2019 во училиштето се одржа работилница на тема “Франкофонија“ каде учениците од билингвалните паралелки учествуваа во изработка на постери и цртежи на темата.

На 23 март 2019 Француската Алијанса Битола и Францускиот Институт организираа вечер со Француска музика во кафулето “Радост” со диџеј Frenchy.

На 25 март 2019 во Малата сала на центарот за култура се одржа проекција на филм во рамките на Француски кино-клуб - Циклус современ француски филм

На 27 март 2019 во училиштето имаше изложба на цртежи и фотографии на учениците на тема „Патување”, помогнатa од Француската Алијанса Битола и Францускиот Институт. Подоцна изложбата ќе биде поставена и во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола.56178660 2288839917832885 6710779605638184960 n

Во втората половина на месец април, традиционално, ќе се одржи регионален и државен натпревар по Петанк – француска игра, спорт со фрлање топки.55887849 2288840427832834 8000339069496197120 n

Инаку, терминот „франкофонија“ се појавува во доцниот деветнаесетти век и ги опфаќа сите луѓе и земји што се служат со францускиот јазик. Меѓународната организација на франкофонијата е основана во 1970 година со цел да го промовира францускиот јазик, културната и јазичната различност, промоција на мирот, демократијата и човековите права, поддршка на образованието, како и развивање на соработката во служба на оддржливиот развој и на солидарноста. Таа се состои од од 75 држави и влади, од кои 56 членки и 19 набљудувачи. Република Македонија го зазема своето заслужено место во големото франкофонско семејство уште од 2006 година. Во Битола франкофонијата е долго време присутна, од минатото па се до денес.

Страница 7 од 7

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани