2win800x200

Европската унија одлучи: Македонија започнува преговори за полноправно членство во 2019 година.
Ова е голем успех за Македонија, постигнат со силна желба за подобра сегашност и иднина на сите наши граѓани, рече на денешната прес конференција генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски.

Протестот  на Широк сокак го предводеа група на граѓани на чие чело беше поп  и граѓанин со крст  на кој пишуваше „Република  северно од Македонија“ . Групата носеше и  транспарент со навредлива содржана за потписниците на договорот во Преспа.

Протестантите пееја црковни песни како за на панихида, се одвоија од толпата и крстот го оставија пред седиштето на СДСМ во Битола.

До инцидент не дојде, но веднаш по ова полицијата постави кордон од полицајци со штитници кои останаа таму и по завршувањето на протестот.

Граѓаните кои поминуваа  ја прашуваа полицијата- кого го чува и од кој?

Битолчанецот Александар Цуцуловски е избран за координатор на СДСМ за Пелагонискиот регион, соопштија од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Тој е еден од осумте новоизбрани регионални координатори на СДСМ во Македонија. Од СДСМ соопштија дека ова е нов начин на територијално делување на партијата, прилагоден на економските и административните развојни цели, застапувајќи ги планските региони подеднакво.

Новиот лидер на ОО на СДСМ во Битола, Методија Тасевски  го избра својот тим за работа. Тасевски, синоќа до Општинската Конференција предложи членови на Извршниот и Надзорниот одбор, кои беа едногласно прифатени.

Во новиот состав на Извршиот одбор, се директорите на јавните претпријатија „Стрежево“ и „Водовод“, Менде Граматковски и Горан Козаров, регионалниот координатор на СДСМ,  Александар Цуцуловски,

Методија Тасевски  е  избран за нов претседател на ОО на СДСМ во Битола. Одлуката за негово именување ја донел лично претседателот на СДСМ Зоран Заев, потврди Тасевски за апла.мк . Тасевски  е со долг партиски стаж и добар познавач на политичките прилики во градот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани