2win800x200

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 13 и 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени.

Во Пелагонискиот Регион температурата ќе се искачи до 37 степени.

68529395 410319336268985 6448910420194361344 n

Во Скопје сончево и многу топло време, со температура до 39 степени.

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Ќе биде активирано жолто, а за некои региони портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

Во среда попладне и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследена со локален пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Во голем дел од земјава утрово се измерени температури под нулата.  Минус 6 степени се измерени во Битола.  

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува па ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од снег, главно со слаб интензитет. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.

По обилните врнежи од дожд, утрово во Битола наврна нов снег, и формира снежна покривка од четири сантиметри. Утринската температура во Битола се спушти до минус 1 степен, а дневната ќе достигне до 4 Целзиусови степени.

Во Битола утрово се измерени 6 степени, а во текот на денот температурата ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.

Утрово во Битола беше измерана температура од три степени, а во текот на денот ќе достигне до 12 Целзиусови степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека следува период на променливо облачно и потопло време, што на повисоките места и на планините ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. По одделни котлини и утре изутрина, како што се посочува, ќе има услови за појава на слаба магла, но преку денот ќе биде ветровито со повремено засилен југоисточен ветер. В понеделник ќе има локални врнежи од дожд главно со слаб интензитет. Нешто повеќе врнежи се очекуваат во среда, кога поради благо заладување, на планините, а и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Времето денеска е променливо облачно, во северозападните делови со слаб локален дожд, на места со ветер од југоисточен правец и релативно топло. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. Во Скопје променливо облачно со слаба замагленост претпладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 11 степени, информираат од УХМР.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани