2win800x200

Зградата на  СОУ  „Д-р Јован Калаузи“ кое ја отсликуваше комплетната негрижата во битолското образование  во изминатите години, сега добива нов лик. Променет е изгледот на  дел од фасадата  која се распаѓаше од влага поради дотраената водоводна инсталација во тоалетите во училиштето. Од влагата беа уништени и ѕидовите на училницата до тоалетите. Во вакви услови со години посетуваа настава средношколците од Медицинското училиште во Битола. Освен реконструираната фасада, целосно се санираат тоалетите во училишната зграда, а активностите се во тек. Водоводната инсаталација која беше во очајна сосотојба компелтно е променета, санитариите се пристигнати, се заменуваат старите плочки, а променета е и дограмата.

Со меѓународна донација која ја иницираше професорката Марија-Магдалена Петковска-Микаровска,  почна реконструкцијата на санитарните јазли во Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Со училишен  проект средношколката Медисон Ристевски од Волонгог, Австралија, која има македонско потекло, анимираше голем број луѓе од целиот свет и нашата дијаспора да донираат и да помогнат за подобрувње на условите во ова средно училиште.

„Здравјето пред сè” или „Health comes first e проект финансиран од Европската комисија и поддржан од Националната Агенција за европски програми и мобилност, како дел од програмата Erasmus + .  Овој проект се спроведува од странана ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ –Битола, под раководство на координаторот Татјана Трајковска.

„Бевме многу хумани луѓе. Сите работевме како медицински сестри на различни места, кој во болница, заводи, амбуланти. Но, мисијата на која не учеа во школото беше да им помагаме на другите луѓе и мислам дека останавме доследни на тоа“, вели Лепа Гегараковска, поранешена медицинска сестра од Заводот за деца со оштетен слух од Битола.

Синоќа по повод патрониот празник на Медицинското училиште „Др Јован Калаузи“ од Битола, во малата сала на Центарот за култура, беше извдена театарската претстава „Господин Теодос Мемето“ во која улогите ги толкуваат учениците од ова училиште.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани