КУД ИЛИНДЕН БИТОЛА освои второ место на Светски натпревар по автентичен фолклор! – Со особена чест и голема радост го споделуваме успехот на нашето друштво, кое на Светскиот натпревар во фолклор „World Folk Dance Competition“ во Истанбул го освои второто место и парична награда од 3.000 долари во категоријата автентичен фолклор.
На натпреварот учествуваа 41 фолклорна група, од кои 21 се натпреваруваа во категоријата автентичен фолклор, а 20 во категоријата стилизиран фолклор.
Во оваа силна меѓународна конкуренција, првото место го освои Република Башкортостан (Русија), а третото место му припадна на Црна Гора.
Во категоријата стилизиран фолклор, првото место го освои Градскиот професионален ансамбл „Тракија“ од Пловдив, Бугарија, второто место ѝ припадна на Белорусија, додека третото место го освои Државниот ансамбл на Грузија.
Ова признание е потврда дека македонската песна, игра и традиција продолжуваат достоинствено да се претставуваат и да оставаат силен впечаток на меѓународната сцена, објавија од КУД Илинден Битола.

