„Џумбиш“ концерт на КУД „Илинден“ – Битола, посветен на Македонците муслимани! Ансамблот на КУД „Илинден“ Битола, синоќа во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ одржа целовечерен концерт „Џумбиш“, посветен на Македонците муслимани.
Во изјава за МИА, Љупка Стефановска, етнокореолог, истакна дека КУД „Илинден“ за прв пат на својот репертоар поставија концерт со сценска адаптација поврзана со традицијата и животот на Македонците муслимани, со посебен фокус на населението од струшкото село Октиси, неколку села од дебарско, велешка Мелница или Азот и од областа Гора.
-Македонците муслимани ја зачувале македонштината во себе. Тие се со исламска вероисповест но се декларираат како Македонци и зборуваат на чист Македонски јазик. За време на нашето истражување кое се одвиваше повеќе од една година, обезбедивме многу податоци и песни кои се пејат при подготовката и организацијата на свадба, а целиот настан како што тие го нарекуваат е „Џумбиш“ или прослава, џумбуш, забава, посочи Стефановска.На синоќешниот концерт, носиите на учесниците беа оригинални, а за време на истражувањето, КУД „Илинден“ Битола соработуваа Фатима Тајроска, Муџаверка Шикаровска и Филдиза Јашари, кои во знак на благодарност синоќа на фестивалската сцена добија скромни подароци. Фото Илинденски денови
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()

