ИСТРАЖУВАЊА

Врховниот суд контра Основниот суд Битола во случајот со одмрзнувањето на имотот на „РУД-КОП“ и бизнисите во РЕК „Битола“

Врховниот суд на Македонија донесе пресуда со која се уважува барањето за заштита на законитоста на Јавниот обвинител од Битола поврзана со замрзнувањето на имотот на битолската фирма „РУД-КОП“ сопственост на битолскиот бизнисмен Кирил Билјановски, која копаше јаловина во РЕК „Битола“ за време на СДСМ и директорувањето на Пеце...

Обвинетата Елена Спасеновска не дојде на судење завршила на Ургентна во Битола

„Не е присутна обвинетата Елена Спасеновска иако е уредно поканета.“ Ова го соопшти кривичниот судија Елена Журовска од Основниот суд во Битола, денеска на закажаната главна расправа за случајот со екс директорката на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола,  на која и се суди за злоупотреба на службата и...

Обвинителство го истражува случајот со екс директорка од Битола која сама се унапредила во кустос советник

Поранешна директорка на „Завод и Музеј“ Битола, додека директирувала со институцијата од јануари 2018 до септември 2024 година, сама се унапредила од виш-кустос во кустос-советник. Ова е можеби еден од ретките осомничени случаи кога државен функционер за време на директорување сам се унапредува на работното место кои е ставено...

Случајот на новинарката Анета Блажевска: Судот ја осуди, ЗНМ ја награди за истражувачко новинарство

Дописничката на „Независен“ од Битола, Анета Блажевска и сопственик на битолскиот веб портал АПЛА.мк , доби признание за придонес во промоција на професионалното новинарство на теми од локално и регионално значење од Здружението на новинари на Македонија за серијата текстови објавени во нашиот медиум поврзани со злоупотреби на поранешната...

„Тивка војна“ меѓу Битолскиот суд и Обвинителството за случајот со бизнисменот Марковски

БИТОЛА – Се води ли „тивка војна“ меѓу битолскиот основен суд и обвинителството за ослободувањето од притвор на бизнисменот Борче Марковски, случај поврзан со РЕК „Битола“. Бизнисменот Марковски веќе трета недела е пуштен од притвор. Гаранцијата од речиси 5 милиони евра што ја даде во недвижен имот го ослободи од...

Пензионер од Битола земал службени дневници, користел службен телефон и патувал во странство со директорката со службено возило, утврди ОЈО Битола

Пензионерот Менде Петровски, поранешен вработен во Средношколскиот дом во Битола, земал службени дневници, користел службен телефон и патувал во земјата и странство со службеното возило на домот, со тогашната директорка Елена Спасеновска кадар на СДСМ, против која ОЈО Битола покрена обвинение за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и...

Обвинение за Елена Спасеновска за злоупотреби во ученичкиот дом „Мирка Гинова“ Битола

По една година и осум месеци истрага Основното јавно обвинителство од Битола покрена обвинение за Елена Спасеновска поранешна директорка на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола. Истрагата за работата на Спасеновска започна по новинарското истражување на новинарката  Анета Блажевска и серијата текстови за Средношколскиот дом во Битола , од...

Пречистителната станица може да ја грее Битола – решение што носи добивка и за градот и за животната средина

Битола е во завршна фаза на изградбата на топловодот, после 13-14 години дел од институции во градот ќе добијат греење. Топловодот зависи од енергијата од „РЕК“ Битола. Градот под Пелистер е пред нов и голем предизвик, а тоа е како да се обезбеди континуиран извор на енергија за топлификацијата, бидејќи...

Условна казна од една година за претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола

БИТОЛА – Љупчо Горгиевски, претседателот на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е осуден на една година условна казна затвор. За него има услов од две години да не го повтори кривичното дело за величење на ликот и делото на контроверзниот лидер на ВМРО, Иван Михајлов. Веста за одлуката на Основниот...

Модното студио „Ле бранд“ од Битола со две шивачки за матурски фустани влезе во специјална полициска мисија

БИТОЛА – Голема врева се крена во државава и особено во градот под Пелистер за модната дизајнерка Лиле Кадинска од Битола, по информацијата дека нејзиното „Ле бранд студио“ е дел од контроверзната јавна набавка за униформи за специјалната полиција во државата, објави https://nezavisen.mk/. Кадинска деновиве е една од „најозборуваните“ личности во...