На 22.07.2025 во 13:12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Драгош, во с.Бистрица, И.Ј.(46) од с.Барешани, битолско, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
