2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ потрошија во ветер 30 милиони евра наши пари, обвини СДСМ

Март 25, 2023

Интегрален текст од изјавата на Јадранка Павловска од СДСМ

„Коњановски и ДПМНЕ работат на систематско и смислено пустење на Битола и на безмилосно трошење на парите на битолчани! Со секој ребаланс на буџетот на Општината минатата година, градоначалникот Коњановски ги намалуваше парите за капитални инвестиции, а ги зголемуваше за шетање и разно – разни трансфери. Во првичниот буџет беа предвидени 8,6 милиони евра за капитапни расходи, односно изградба на улици и објекти, а 7,8 милиони евра за разни трансфери и договорни услуги.

Со првиот ребаланс на буџетот, средствата за капитални расходи беа намалени на 8,28 милиони евра, а за трансфери и услуги беа зголемени на 8,25 милиони евра. Со вториот ребаланс, Коњановски отиде уште подалеку. Ги намали парите предвидени за капитални расходи на 7,5 милиони евра, а ги зголеми за трансфери и услуги на 9,2 милиони евра.

Затоа почитувани битолчани, не ја гледате направена улицата што Коњановски ви ја ветуваше, ја нема градинката што Коњановски ја ветуваше. Не започна изградбата на училиштето во Буковски ливади. Го нема новоизградениот Планинарски дом Копанки. Нема ниту нова инвестиција во Жабени. Има срушени гаражи и трафики и еден синџир за возила кај Пионерски.

Со историски високиот процент на реализација на буџетот на општината со кој се фалат, Коњановски и ДПМНЕ се ладат со жешка вода. Ама, попарени сме сите ние во Битола.

Битола никогаш не била повалкана, Битола никогаш не била потемна, Битола никогаш не била понесредена од овие 17 месеци власт на Коњановски и ДПМНЕ, а се потрошија во ветер 30 милиони евра наши пари!“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани