2win800x200

СДСМ: Еден паркинг од пред 50 години и парапетче од 400 илјади евра кај Офицерски кој ВМРО - ДПМНЕ ќе го продаваше, тоа е се што Коњановски му го покажа на Мицкоски

Јули 25, 2023
Интегрален текст од прес конференцијата на Ивона Трифунов од СДСМ како реакција на посетата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Битола
 
Еден паркинг и едно парапетче! Тоа е сѐ што има да покаже градоначалникот Тони Коњановски пред својот шеф, Христијан Мицкоски!
Паркинг од пред 50 години и парапетче од фантастични 400.000 евра околу Офицерскиот дом кој ДПМНЕ ќе го продаваше! И, секако, срушените гаражи и исечените дрвја по налог на Коњановски и на Бојкоски. Тоа е сѐ, со што ДПМНЕ можи да се пофали во Битола!
А, ветувавте и гарантиравте дека ќе донесете нови инвестиции и ќе отворите нови работни места во Битола! Каде Ви е инвестицијата во Жабени, господине Мицкоски, што ја најавивте во октомври 2021ва? Наместо нова фабрика, ДПМНЕ и Коњановски го поскапеа данокот за 300 отсто, ги срушија трафиките во кои лебот го вадеа стотици наши сограѓани и ја опустишија Битола!
За само година и пол, господине Мицкоски, вашите пулени Коњановски и компанија, потрошија над 50 милиони евра, а од новата спортска сала нема ни трага! Знаете ли Вие, Мицкоски, во чии џебови завршуваат парите на битолчани, оти во градот сите гледаме дека не се вложуваат!
Колку од 50-те милиони евра на битолчани завршија во касата на ДПМНЕ, господине Мицкоски, па Битола нема да го дочека новото училиште во Буковски ливади што го ветивте?
Колку народни пари завршија кај ваши партиски активисти, господине Мицкоски, па не остана ништо за новата зграда на пожарната што ќе ја градевте?
Коњановски и директорите заслужуваат десетки, професоре, и за грабежот во јавните претпријатија. За само година и пол сметките на Водовод, Комуналец, Паркинзи ги однесоа во минус! Злоупотреби на службена положба, непотизам, партиски вработувања се одлика на работењето на Коњановски и директорите од ДПМНЕ!

Господине Мицкоски, и Вам Ви е јасно дека ДПМНЕ ја загуби поддршката од битолчани во рекордно време. Не се мачете по овие пеколни горештини да прикажите нешто во што самиот не верувате. Советот на општината Ви е добар показател како завршуваат злоупотребите, притисоците, лагите, манипулациите и ароганцијата кои беа и останаа одлика на ДПМНЕ. Само година и пол беше доволно за граѓаните да сфатат дека матрицата на ДПМНЕ е непроменета. Нема разлика дали е Талески, Коњановски или Бојкоски. Кога и да добие шанса ДПМНЕ да управува со градот, Битола ја снаоѓа катастрофа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани