2win800x200

СДСМ: На 50 наставници не им се продолжија договорите, утре во дел од училиштата ќе нема кој да ги пречека првачињата

Август 31, 2023

Интегрален текст од прес конференцијата на Весна Баковска од СДСМ

На прагот на новата учебна година, Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски ги оставија дел од училиштата без наставен кадар! 

 
Во некои училишта утре ќе нема учителки да ги пречекаат првачињата, а иста е сликата и во одделенската и предметната настава! 
 
Договорите за вработување на наставниците им истекоа, а општината не презеде ништо за да обезбеди наставен кадар. Првачињата наместо најубави спомени од почетокот на школувањето, утре наместо да ја запознаат учителката, ќе ги пречека некој службеник во училиштето. Останатите ученици, пак, уште непочнати со настава ќе губат часови оти нема кој да им предава! 
 
Околу 50 наставници останаа без работа откако им завршија договорите за работа. Општината и градоначалникот Тони Коњановски наместо да им ги трансформираат работните односи како што налага законот, повеќе од две години ја одолговлекуваат постапката. И покрај сите одлуки на надлежните институции во полза на наставниците, Коњановски и ДПМНЕ не преземаат ништо, дури и по цена на образовниот процес на учениците! 
 
СДСМ ќе ги пријави во Државниот просветен инспекторат сите овие случаи во кои жртви се и учениците кои останаа без наставници и наставниците и нивните семејства кои останаа без работа и егзистенција заради инаетот на Коњановски и Општина Битола!
 
На сите ученици им посакуваме успех во новата учебна година. Ќе им треба многу со локална самоуправа предводена од ДПМНЕ и Коњановски!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани