2win800x200

СДСМ: Градоначалникот беше предупредуван дека работи незаконски во образованието, одземањето на ингеренциите во неколку училишта е само логична последица

Декември 28, 2023

Интегрален текст од реакцијата на СДСМ Битола на прес конференцијата на градоначалникот Тони Коњановски

Градоначалникот беше предупреден повеќе пати, во период од година – година и пол дека не работи согласно законите во образованието. Десетици прес конференции одржавме, кривични пријави поднесовме, ама очигледно Коњановски мислел дека е над законите и не презеде чекори за да се поправи. Одземањето на ингеренциите во неколку училишта е само логична последица на цела претстава што ја режираше градоначалникот, а во која сакаше да се прикаже како жртва. На крајот жртви се наставници, наши сограѓани кои беа донесени во заблуда од Коњановски дека противзаконски може да им обезбеди некаква егзистенција. Солзите што сега Коњановски ги лее на прес конференции никому не користат. Тој остана само еден обичен плачко кој на списокот додаде уште неколку имиња на измамени битолчани.

За трансформациите на работниот однос, исто така, беа одржани редица прес конференции во кои градоначалникот беше предупреден дека не работи согласно закон. Ако намерата беше да се политизира образовниот процес, логично е целта да беше одземање на ингеренции за сите училишта, а не само за училиштата каде навистина постојат сериозни прекршувања на законите. Зошто никој не бара одземање на ингеренциите, на пример, во ОУ Стив Наумов? Затоа, апсолутно погрешни, тенденциозни и злонамерни се тврдењата на Коњановски кој и покрај сите жолти картони што ги доби, се обидува и понатаму политички да профитира на несреќата на наставниците.
 
Функцијата директор што во моментов ја извршува секретарот на нашата општинска организација, не е никаква желба, туку обврска. Да се биде директор во ситуација кога градоначалникот две години нема апсолутно ништо вложено во битолските училишта, а се слика и ги промовира инвестициите од МОН, не е предизвик, туку товар. Но, за жал или за среќа, само таа ги исполнува условите пропишани со закон кој токму ДПМНЕ го има донесено. И, секако, ќе се нафати да ја врши функцијата дури и во ваков специфичен момент оти најважно од сè е училиштето да функционира, да работи по закон и пак да биде пример за сите останати училишта во Битола.
 
За наводниот бојкот за кој зборува Коњановски, се работи за уште една лага која градоначалникот бесрамно ја изговори. Како и сите негови ставови и ставовите на неговите сопартијци, доволни беа помалку од 24 часа, да се потврди спротивното. Воспитно – образовниот процес во сите училишта во Битола се одвива без проблем, и покрај желбата на Коњановски да креира вештачки кризи. Наместо секојдневно да се бламира со бесмислени изјави, што побрзо нека ја напушти функцијата и нека се спаси и себе си и Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани